Здравствените работници во Хрватска најавија дека ќе одржат штрајк на 11 ноември

t

Здравствените работници во Хрватска, организирани од Синдикатот Заедно, од понеделник ќе започнат штрајк во текот на кој услуги ќе даваат само во итни случаи, соопштено е денеска во Загреб.

„Поголемиот дел од установите во Хрватска ќе штрајкуваат. Како што најавивме ќе се работи само со итни случаи, односно  целата дијагностичка, лабораториска и радиолошка обработка нема да се извршуваат“, изјави потпретседателот на Синдикатот, Санда Алиќ на прес-конференција пред Клиничкиот болнички центар Загреб.

Здравствените работници собрани во синдикатот бараат зголемување на основицата за најмалку 20 отсто и промена на регулативата за коефициенти. Како што е најавено, штрајкот ќе се спроведува во сите големи болници и некои здравствени домови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Хрватска ја враќа воената служба

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…