Здравствените работници не можат да издржат со овие плати, заборавете на партии и да се обединиме

t

Боби Бојчевски, национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници за Радио Слободна Европа тврди дека нема партиски влијанија во најавата за протести на медицинските лица. Тој бара итно да се реши случајот на Клиниката за онкологија кој беше откриен откако проговори медицинска сестра.

Преставникот на синдикатот Бојчевски кој во минатото бил партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ, сега вели дека политиката нема врска со барањата на Независниот синдикат за подобрување на состојбите во здравството. Тој наведува пет барања до актуелниот министер за здравство на кои ќе инсистира да се исполнат.

-Значи се работи само за пет барања, некој ако сака може веднаш да ги реши. Не се тоа некои големи барања. Нека пресметаат, колку сме еве 25 илјади здравствени работници, да се види просечно платата колкава е колку би чинело на тие да се даде 30%проценти. Мора да истакнам, ние сме амортизери, што ќе се случи ако ние излеземе на улица? За тоа апелирам до власта, до министерот нека ги решат нашите проблеми кои се натрупале со години. Во моментов имаме таква галопирачка инфлација што ништо не значи покачувањето од 10% , тоа ни го зема инфлацијата, покачувањето од септември веќе е потрошено – вели Бојчевски во изјава за РСЕ.

На прашањето дали може да се протолкува дека најавениот протест е политички мотивиран со оглед на тоа што Бојчевски е член на ВМРО ДПМНЕ, но и поранешен претседател на општинскиот Совет во Бутел, и кандидат за пратеник на оваа партија, тој вели дека тоа е минато и сега тој не е партиски определен.

-Тоа е мое минато но до 21016 година, и јас потоа се откажав од сите функции. Јас сега не сум партиски определен туку јас се вклучив во синдикатот пред неколку месеци поради тоа што секојдневно ги слушав разговорите меѓу вработените. Со опозицијата не сум разговарал за поддршка, настапувам самостојно како независен кандидат. Апелирам, луѓе заборавете на партии, никој нема да ни го реши проблемот ако ние заедно не се сплотиме и не излеземе -вели Бојчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Шведска бара работници, еве од кои професии!

И Шведска бара странски работници, објави schengen.news.  Шведска…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Владата препорача бремените и старите лица да…

Владата на Република Македонија, на барање на…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…