Здравство Пулмолози прават скрининг на локалното население во Трубарево
Животот во Трубарево се враќа во нормалниот тек. Граѓаните се враќаат на секојдневните обврски, а децата се вратија во училишните клупи. Но, непријатната миризба во воздухот и здравствените ризици по пожарот, остануваат. Денеска на две локации во Трубарево, пулмолози прават скрининг на локалното население, со цел превенција од одредени здравствени заболувања.
Жителите доаѓаа да им се направи комплетен клинички преглед, спирометрија и ЕКГ. Свесни се дека вдишувањето загаден воздух може да им го наруши здравјето.
Дел од граѓаните пак велат дека дошле на прегледот, бидејќи не се чувствуваат најдобро. Но, сите се жалат на непријатната миризба на пластика во воздухот, во близина на опожарениот објект.
Дводневниот скрининг е прва фаза од постапката, а доколку кај некој граѓанин се забележи здравствено нарушување, ќе биде препратен на Клиниката за пулмологија.
Според последните мерења, воздухот во Трубарево не е опасен за здравјето на населението, а не е забележано ниту присуство на радијација во почвата, ниту тешки метали во водата. Сепак, експертите препорачуваат храната убаво да се измие, но и дека е потребна претпазливост и дополнително следење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Здравство Пулмолози прават скрининг на локалното население…
Животот во Трубарево се враќа во нормалниот…
СДСМ: Мицкоски го блокираше Скопје поради пропаднати…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека…
Левица: Нема вода за стружани – има…
„Додека делови од Струга се оставени и…
Кос: Очекуваме уставните промени во Северна Македонија…
Северна Македонија се обврза да го промени…
(Видео) Повторно гори ѓубре, сега во Прилеп…
Над Прилеп попладнево се извива густ столб…