Здружението на јавни обвинтиели со апел: Политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото на поделба на власта и да се воздржат од јавна реторика со која ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето
Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото на поделба на власта и да се воздржат од јавна реторика со која ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето.
Во изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат поединечни јавни обвинители, коментирајќи ги јавнообвинителските одлуки без воопшто да бидат запознаени со конкретен предмет и доказите.
Ова кулминираше во политичките коментари во однос на определена мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот “Државна лотарија”. Ваквата јавна реторика мора да престане, а останатите институции да дозволат обвинителите непречено да постапуваат и да одлучуваат.
Здружението на јавните обвинители е професионална организација, која нема овластувања да интервенира или да ги коментира одлуките на јавните обвинители при работата на конкретни предмети. Но, Здружението има право и обврска да ја заштити самостојноста на обвинителите кои стручно и одговорно ја вршат својата функција и да се бори за соодветни услови во кои тие ќе работат непречено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Здружението на јавни обвинтиели со апел: Политички…
Здружението на јавните обвинители апелира до сите…
(Видео) Герила акција: Илиевска и Чулаковки обезбедија…
Поранешната претседателка на Советот на Општина Битола и претставничка…
Сведочење на гитаристот на ДНК за „Пулс“:…
Пожарот настана над бината и се ширеше…
Се огласи Бране по тужбата од Заев:…
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните…
Скопјанец насилно ограбен во Аеродром
Скопјанец вчера бил насилно ограбен во скопски…