Здружение на инженери: Истечен е рокот за потпишување договор за Чебрен

t

Инженерите на Република Македонија се со став дека е истечен рокот за склучување на договор за заедничко вложување и основање на Друштво за посебна намена помеѓу понудувачот PUBLIC POWER CORPORATION S.A. – Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. Greece и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.

Ваквиот став го темелиме врз основ на роковите определени со точката 5 на ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ НА ЦРНА РЕКА (Службен В. на Р.М. бр: 192/2023 од 14.09.2023). Оваа одлука е влезена на сила на 15 септември 2023 година, а согласно точката 5 од истата, најповолниот понудувач ППЦ-Архиродон беше должен во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука (15 декември 2023 година), да склучи договор за заедничко вложување и да основа Друштво за посебна намена со Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје. Со оглед дека рокот предвиден со оваа Одлука е истечен, сметаме дека било каков Договор веќе не може да се потпишува, се вели во соопштнеието од Здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…

Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…

Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…

Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…

Анкара и Приштина потпишаа договор за воена…

Министерот за одбрана на привремените институции на…

Се создава „чудовиште“? Русија и Иран ќе…

Москва и Техеран ќе потпишат голем меѓудржавен…