Зекири во затвор како во хотел: Добива ли ВИП третман?

t

Инфомакс неофицијално дознава дека поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Мухамед Зекири кој е во притвор бидејќи е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување добива ВИП третман за време на неговиот престој на и
Инфективната клиника во Скопје.

Според наши извори, Зекири во својата соба има посети цело време и сето ова се случува пред очите на стражарите.

Како што неофицијално дознаваме на дневна основа Зекири има по најмалку пет посети. Полицијата наместо да ги спроведува законите, наводно ги спроведува гостите до собата на Зекири.

Инфомакс испрати и прашања до Управата за извршување на санкции, но и до затворот во Шутка од каде побаравме одговор зошто на Зекири му е овозможен повластен третман од страна на државата. До овој момент од Управата ниту од затворот не добивме никаков одговор.

Зекири како што напоменавме се терети злоупотреба на службената положба и овластувања како генерален секретар на Владата за неспроведување на соодветна постапка за јавна набавка при склучување на договор за консултантски услуги

Според обвинителството со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари или приближно 800 илјади евра, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија.

Мухамед Зекири покрај тоа што е некогашен висок функционер во СДСМ негов кум е екс премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агенцијата за цивилно воздухопловство спроведе истрага: Се…

Тим од инспектори од Агенцијата за цивилно…

Кривична против маж од Прилепско, запалил сува…

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп…

Смирнов: Речиси сите региони на Русија и…

Речиси сите региони на Русија пружаат помош…

Активни девет пожари, најголемиот на територија на…

Од вкупно 40 пожари регистрирани во текот…

(Видео) „Држам говор, ако го сакате Трамп,…

Најверојатната демократска кандидатка за претседателските избори во…