Зеколи Шаќири: Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите

t

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири се огласи по вчерашните инциденти при прославите на денот на албанското знаме. Таа изразува длабоко жалење и загриженост за оштетувањето на знамето на Република Македонија.

-Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите граѓани, без разлика на нивните убедувања или припадности. Секој таков чин не ги претставува вредностите на соживот и меѓусебното почитување кои ние како општество ги промовираме. Ги повикувам надлежните органи да преземат итни мерки за расветлување на околностите на овој инцидент и заштита на нашите национални симболи, вели Зеколи Шаќири.

Заменик министерката апелира на смиреност и свесност на граѓаните и додава дека соработката и почитувањето се единствениот пат до подобра заедничка иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Евроазискиот економски сојуз динамично се развива

Евроазиската економска унија се покажа како еден…

СДСМ: Неколку милиони евра е направен грабеж…

Тоа е уште една измама. Нашиот народ…

Руте: Зеленски неправедно го критикува Шолц

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави…

Трамп најавува крај на трансродовите политики

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Ердоган повторно повика на нов устав

ја, туку неопходност што е одамна задоцнета,…