Зеленска: Не ја заборавајте трагедијата на Украина за време на празниците
Луѓето не треба да ја заборават војната во Украина овој Божиќ, изјави Олена Зеленска во Лондон, пред нејзиното обраќање во британскиот Парламент.
Првата дама на Украина во интервјуто за радио „Би-Би-Си“ ја повика британската јавност во сезоната на празниците да не ја заборави „трагедијата” предизвикана од руската инвазија.
Таа рече дека Украинците ја „чувствуваат силната поддршка“ како и политичката и финансиска и хуманитарната помош што ја добиваат од Британците.
„Украинците се мошне уморни од оваа војна, но ние немаме избор. Ние се бориме за нашите животи. Британската јавност има избор. Тие можат да се навикнат на нашата трагедија, да се концентрираат на сопствените важни работи во животот“, забележа Зеленска.
„Мојата порака за Британците е следнава: тоа не е само војна за нашата слобода и нашите животи. Ова е војна на спротивставени погледи на светот, војна за вредностите. Важно е тие да се зачуваат. Ова е борба за вистината и човечките вредности“, истакна Зеленска.
Првата дама на Украина вчера го посети „Даунинг стрит“ 10 и се сретна со Акшата Мурти, сопругата на британскиот премиер.
Целосното интервју за „Би-Би-Си“ со Зеленска ќе биде емитувано подоцна попладнево. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…