Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за содржината на разговорите.
„Денеска очекувам извештај од нашите разузнавачки служби за моменталните намери на руската страна и подготовките за средбата во Алјаска“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој истакна дека главната цел е разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп да го отворат патот за тројна средба, во која би учествувал и самиот тој.
„Време е да се стави крај на војната, а Русија мора да ги преземе соодветните чекори. Сметаме на Америка,“ нагласи Зеленски.
Путин и Трамп денеска треба да се сретнат во Анкорејџ за првпат по почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. Се очекува фокусот да биде на можните патишта за постигнување примирје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува…
Руската делегација пристигна во Алјаска
Рускиот државен авион Ил-96-300 со регистрациски број…
Пред состанокот со Путин: Трамп денес на…
Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд…
Зеленски: Путин ќе се обиде да го…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот…
Нетанјаху и Трамп разговарале за плановите на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот…