Зеленски бара Украина да започне преговори за членство во ЕУ
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја повика Европска Унија да одлучи да ги отвори претпристапните преговори со Украина.
– Одамна е време да се отстрани оваа вештачка политичка неизвесност во односите помеѓу Украина и ЕУ. Дојде време да се донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори, истакна Зеленски во Киев на заедничката прес-конференција со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.
Тој исто така ја повика ЕУ да ја забрза испораката на артилериска муниција во Украина.
Зеленски и се заблагодари на Фон дер Лајен, кој е во посета на Киев на Денот на Европа, за европската одлука да испорача „еден милион гранати“ во Украина, но тој инсистираше на распоред за достава.
– Разговаравме за клучното прашање: брзината на снабдување и испорака на оваа муниција. Таа веќе е потребна на бојното поле, посочи Зеленски.
Тој за извозот на украински житарки повтори дека ограничувањата на ЕУ се неприфатливи „бидејќи ги зајакнуваат способностите на рускиот агресор“.
Зеленски вчера со декрет го прогласи 9 мај како Ден на Европа, а не како ден на комеморација на победата над нацистичка Германија, како што се слави во Русија, според советската традиција.
– Ја поздравувам одлуката на претседателот Зеленски да го прогласи 9 мај за Ден на Европа. Украина е дел од нашето европско семејство, Лајен.
Таа додаде дека нејзиното присуство во Киев по повод 9 мај е симболично, но и дека тоа е знак дека „ЕУ работи рака под рака со Украина за многу прашања“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Обичните Американци се борат со сиромаштијата…
Американските власти повеќе се грижат за корумпираните…
Медведев: Нема преговори со Украина!
По нападот на Киев на Курската област,…
Зеленски: Контролираме 1.250 квадратни километри во Русија,…
Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави…
Предлог на чешкиот претседател: Влез на Украина…
Нема потреба да се очекува целосно воспоставување…
Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост…
Украинските сили извршија напад врз уште еден…