Зеленски вели: Украина ги зајакна своите позиции во Курск
Коментарите на украинскиот претседател доаѓаат откако портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека украинските сили користеле ракети од американско производство за да го уништат клучниот мост во областа Глушков во Курск, убивајќи „доброволци кои помагале во евакуацијата на цивилите“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави оти Украина ги зајакнала своите позиции во рускиот регион Курск откако армијата на земјата започна голема прекугранична офанзива.
Во објава на Телеграм, Зеленски информира за известувањето кое го добил од главниот воен командант на Украина, Олександар Сириски, за зајакнување на позициите на украинската војска во Курдскиот Регион и за проширување на стабилизираната територија.
Коментарите на Зеленски доаѓаат откако портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека украинските сили користеле ракети од американско производство за да го уништат клучниот мост во областа Глушков во Курск, убивајќи „доброволци кои помагале во евакуацијата на цивилите“.
„За првпат, регионот Курск беше погоден од ракетни фрлачи од западно производство, веројатно американскиот ХИМАРС“, изјави портпаролката на руското МНР.
Според руските безбедносни претставници, со уништувањето на мостот се отсекол дел од областа, што ја отежнува евакуацијата на цивилите од регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…