Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во Париз, каде ќе учествува на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, соопшти неговиот портпарол.
Во Елисејската палата пристигнаа и специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер.
Се очекува состанокот на „Коалицијата на подготвените“ да биде посветен на придонесите на земјите во мултинационалните сили за Украина, во случај на прекин на огнот, во координација со Украина и со поддршка на САД, објави Укринформ.
Во денешната нацрт-изјава на „Коалицијата на подготвените“ се наведува дека сојузниците кои ја поддржуваат Украина „се подготвени да се обврзат на систем на политички и правно обврзувачки гаранции кои ќе бидат активирани штом ќе стапи во сила прекинот на огнот“, и дека гаранциите можат да вклучуваат употреба на армијата, разузнавачка и логистичка поддршка, како и дипломатски иницијативи и усвојување на нови санкции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во…
Едно лице загина, тројца се повредени во…
Во рускиот напад врз приватна медицинска клиника…
Западните лидери на разговори со Зеленски во…
Официјални лица од повеќе од 30 западни…
„Гардијан“: Зеленски го принудил на оставка шефот…
Шефот на разузнавањето, кој ги водеше најсмелите…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…