Објавено на:

Зеленски воведе санкции за нови физички и правни лица од Русија и Белорусија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска воведе санкции за 51 поединец и 220 компании поврзани со транспортниот, комуникацискиот и индустрискиот сектор во Русија и Белорусија.

Указот е објавен на официјалната веб-страница на украинскиот претседател.

Меѓу компаниите на новата украинска листа на санкционирани се Mobile Telesystems (МТС), Лизинг Волга-Днепр, Руска железница-логистика, РЗДстрој, Експерименталниот металуршки комбинат Соликамск, Државниот истражувачки институт за хемиски производи и автомобилскиот комбинат Минск.

Рестриктивните мерки вклучуваат забрана за влез на територијата на Украина, издавање украински визи, официјални посети и забрана за исполнување економски и финансиски обврски кон санкционираните.

Во април Зеленски санкционираше 438 физички лица и 254 компании од Русија и Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Стејт департментот со предупредување до Американците да…

Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…