Зеленски: Во војната загинаа 55.000 украински војници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на руската инвазија во 2022 година загинале 55.000 украински војници, додавајќи дека „голем број“ сè уште се водат како исчезнати. Ова е највисоката бројка што досега официјално ја соопштил Киев и значително е повисока од претходните процени.
Зеленски во интервју за француската телевизија France 2 потсети дека во февруари 2024 година зборувал за 31.000 загинати, а една година подоцна за 46.000. Сепак, независни аналитички центри, меѓу кои и американскиот CSIS, проценуваат дека реалниот број на жртви може да биде меѓу 100.000 и 140.000.
Изјавата доаѓа во момент на нови дипломатски разговори и по најмасовниот руски воздушен напад оваа зима, при што беа лансирани десетици ракети и стотици дронови кон украинската енергетска инфраструктура. Зеленски порача дека Русија врши притисок врз Украина да прифати, како што рече, „ултиматум од Кремљ“.
„Ако ја изгубиме оваа војна, ја губиме независноста“, истакна тој, додавајќи дека Украина се бори не само за својата територија, туку и за европскиот начин на живот. Според него, рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од Европа, но е чувствителен на економски и политички притисоци од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Во војната загинаа 55.000 украински војници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од…
Миланов за случајот Пулс: Постапката треба да…
Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката…
Над 100 милиони евра за автобуси на…
Со одлука на владата, Скопје ќе добие…
Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција,…
Владино бифе работело на црно без фискални…
Државниот ревизор…