Зеленски во петок ќе отпатува за Вашингтон

t

Новиот договор, наводно, не го содржи првичното барање на САД за правото на 500 милијарди долари потенцијален приход од тие ресурси.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира во петок да отпатува за Вашингтон за да се сретне со Доналд Трамп, според извор од украинската влада, пренесува Sky News.

Изворот рече дека датумот за лична средба е предложен од страна на САД, а Белата куќа одби да коментира.

Тоа доаѓа откако Украина ги договори условите со САД за клучниот договор за минерали. Договорот, наводно, ги поставува условите за создавање на нов фонд за инвестирање во минерали, ретки земји и други вредни природни ресурси на Украина, и повеќе не ги содржи првичните барања на Соединетите држави за права на 500 милијарди американски долари (395 милијарди фунти) потенцијален приход од тие ресурси.

Имено, американскиот претседател ја гледа трансакцијата на минерали со Украина како праведен начин за компензација на милијардите долари кои САД ги вложиле во украинската одбрана и воопшто финансиска поддршка за помош на вооружените сили во војната против Русија. Покрај тоа, овој документ не ги обврзува САД да обезбедат безбедносни гаранции за Украина во светло на каков било договор за прекин на огнот со Русија.

Според анонимен извор, двете земји се договориле за рамковен договор за фонд кој ќе се состои од американски пари кои ќе бидат инвестирани во природните ресурси на Украина, а профитот ќе биде поделен меѓу Вашингтон и Киев. „Ова е политички чекор за да се осигура дека приходите од ресурси се користат за безбедност и обнова на Украина“, рече анонимниот извор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашингтон ја преиспитува суспензијата на помошта за…

Белата куќа синоќа соопшти дека ја преиспитува…

Зеленски во петок ќе отпатува за Вашингтон

Новиот договор, наводно, не го содржи првичното…

Полскиот претседател денеска во Вашингтон на средба…

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска во Вашингтон…

Кремљ: Вашингтон е нашиот главен соговорник во…

Русија ги смета Соединетите Американски Држави за…

Спречен инцидент во Вашингтон: Уапсен маж со…

Во близина на Капитол во Вашингтон, маж…