Зеленски: Вратени 4306 Украинци од руско заробеништво
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина вратила 4.306 лица од руско заробеништво, со што според него се потврдува посветеноста на државата да обезбеди ослободување на сите заробени Украинци, пренесе Укринформ.
Зеленски ова го соопшти како дел од говорот на конференцијата на Координативниот штаб за воени затвореници насловена „Надеж, борба, враќање – три години“.
-Веќе повеќе од три години – речиси целото времетраење на оваа војна, нашиот Координативен штаб – со сите служби работат на враќање дома на нашите војници кои беа заробени. Над четири илјади луѓе веќе се вратија – 4.306. И ние ќе ги вратиме сите. Сите мои преговори, секоја средба со партнерите кои можат да помогнат, го вклучуваат и прашањето за воените затвореници – рече Зеленски.
Тој посочи дека последната група украински воени заробеници биле ослободени на 19 март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…