Зеленски ги отвори картите: Еве што бара за да се постигне мировен договор
Секој мировен договор со Русија ќе зависи од повлекувањето на руските сили на нивните позиции пред инвазијата, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски во обраќањето пред лондонскиот тинк-тенк нагласувајќи дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати, пишува Би-би-си.
Зеленски рече дека тој е лидер на „Украина, а не на мини-Украина“. Дециден е дека не може да стане збор за тоа Русија да ги задржи териториите што ги освоила по инвазијата на Украина.
„За да се запре војната меѓу Русија и Украина, чекорот треба да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари“, рече тој како одговор на прашање на Би-Би-Си.
Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби нема да инсистира на повторно преземање на Крим пред да склучи мир со Русија. Полуостровот беше припоен од Русија пред осум години.
Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…