Објавено на:

Зеленски ги покани Бајден и Си на мировниот самит во Швајцарија, но не и Русија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг да се приклучат на претстојниот мировен самит додека неговата земја се бори да ги одбие руските напади во 27-месечната инвазија.

Руските сили напредуваа на бојното поле во последните недели и ги засилија воздушните напади врз градовите, а Киев се надева дека јунскиот состанок во Швајцарија ќе помогне да се зголеми меѓународниот притисок врз рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски рече дека самитот „ќе покаже кој во светот навистина сака да стави крај на војната“.

„Апелирам до светските лидери кои сè уште се на маргините на меѓународните напори на глобалниот мировен самит – претседателот Бајден, лидерот на САД и претседателот Си, лидерот на Кина“, рече тој. „Ве молиме покажете го вашето лидерство во промовирањето на мирот – вистински мир, а не само затишје меѓу нападите.

Од друга страна Русија соопшти дека не гледа поента во конференцијата на која Москва во моментов не е поканета.

Повикот на Зеленски дојде два дена откако руски извори за Ројтерс изјавија дека Путин е подготвен да ја заврши војната во Украина со договорен прекин на огнот кој ги признава сегашните борбени линии.

Зеленски и поддржувачите на Украина велат дека прекинот на огнот само ќе и помогне на Русија да се вооружи и да се прегрупира.

Русија направи бавен, но постојан напредок по неколку делови од источниот фронт во последните месеци и се обидува да направи подлабоко пробивање во североисточниот регион Харков по копнениот упад започнат на овој месец.

Во интервју за Ројтерс минатата недела, Зеленски оцени дека е клучно да дојдат што повеќе земји и да седнат на преговарчка маса на мировните преговори, кои треба да се одржат на 15 и 16 јуни во близина на Луцерн.

Рускиот претседател Путин пак смета дека овие разговори може да ги претворат украинските барањаз а руско повлекување, во ултиматум на Западот до Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…