Зеленски ги посети војниците во Запорожје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети регионот Запорожје во Украина и таму се сретна со војниците кои учествуваат во контраофанзивата против руските сили, соопшти денеска канцеларијата на Зеленски.
„Претседателот ги слушаше извештаите на командантите за напредокот на борбените операции во областите на фронтот и заедно со бригадите и борците разговараше за најпроблематичните прашања на нивните единици“, се наведува во соопштението.
Тој им додели награди на медицински работници, како и на повреден војник.
„Ви благодариме за вашата услуга, ви благодариме што ја штитите Украина на толку важна јужна рута, ги штитите животите на нашите момци. И внимавајте да се грижите за себе“, рече Зеленски во разговор со здравствените работници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…