Објавено на:

Зеленски го одобрил планот за минирање на Северен поток, потоа, на барање на ЦИА, се обидел да го отповика, но безуспешно

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првично го одобри планот за минирање на гасоводот Северен поток, за потоа, на барање на ЦИА, да се обиде да го отповика, но безуспешно, пишува Волстрит џурнал, повикувајќи се на четворица неименувани високи украински функционери.

Валериј Залужни, поранешен врховен командант на украинските сили кој ја предводел саботажата, „ја игнорираше наредбата“ од Зеленски и „продолжи“ со планот за оштетување на гасоводите што пренесуваат руски гас до Германија.

Како одговор на прашањата на весникот, Залужни, кој сега е амбасадор на Украина во Велика Британија – и ужива дипломатски имунитет – негираше одговорност за нападот.

Зеленски минатата година инсистираше на тоа дека неговата земја не стои зад нападот во септември 2022 година, нагласувајќи дека тој „никогаш не би постапил така“.

Политико, исто така, го пренесува пишувањето на весникот Цајт дека Володимир Журавлев, украински инструктор за нуркање баран од германските власти поради сомневање дека е одговорен за минирањето на гасоводот Северен поток, последен пат бил виден во Полска, поради што Германија испрати на таа земја налог во јуни неговото апсење. Сепак, тој успеа да побегне во Украина.

Покрај Журавлев, германските медиуми наведоа уште две лица како осомничени – Свитлана и Јевхен Успенски, брачна двојка која води школа за нуркање во Украина и за кои Журавлев наводно работел како нуркач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски го одобрил планот за минирање на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првично го одобри…

Се помалку украински војници во регионот Курск:…

Непријателските сили во Курската област секојдневно се…

Поврат на пари од „Мој ДДВ“, чекајте…

Повратот на данок, во рамки на проектот…

Пожарот на Галичица се шири и кон…

Доброволците треба утрово да дојдат до планинарската…

(Видео) „Коњи брзајте“ – „Комити“ возвратија на…

Навивачката група на Вардар, Комити брзо одговори…