Зеленски го повика Западот на обединет фронт против Москва

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос го повика Западот на обединет фронт против рускиот претседател Владимир Путин и повика на посилна поддршка за Киев за да не може Москва да не победи во војната,
Со оглед на тоа што некогаш цврстата воена поддршка на Западот за Киев сега се колеба поради политичките расправии во Вашингтон и Брисел, Зеленски рече дека Европејците мора да разберат дека плановите на Путин ја надминуваат војната во Украина, пренесува Ројтерс.
Поради неподготвеноста на Западот да и помогне на Украина и стравот од ескалација на војната со Русија, се губи време, а тоа би можело да го продолжи конфликтот за неколку години. Путин е олицетворение на војната, тој нема да се промени. Мора да се промениме на ниво да не победи лудилото што живее во главата на тој човек или кој било друг агресор“, рече Зеленски.
Речиси две години по почетокот на руската инвазија, украинскиот претседател нагласи дека силно се противи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии.
„Путин е предатор кој не се задоволува со замрзнати производи“, рече Зеленски во Давос, во време кога Киев повторно зазеде одбранбена позиција, откако минатата година контраофанзивата не успеа да ги пробие руските линии на окупираните територии, пишува агенцијата Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…