Зеленски го повика Орбан да не го блокира пристапувањето на Украина во ЕУ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот унгарски колега Виктор Орбан да не го блокира пристапувањето на неговата земја во ЕУ, објавија француските медиуми.
„Навистина би сакале унгарскиот премиер да нè поддржи или барем да не нè блокира“, рече Зеленски на форумот на „Еуроњуз“ за проширувањето на ЕУ во Брисел.
Украинскиот претседател додаде дека би сакал неговата земја да се приклучи на ЕУ пред 2030 година, но дека неговата земја ќе прифати само „полноправно членство во Европската Унија“.
„Ако зборуваме за членство во ЕУ, тоа мора да биде полноправно. Ми се чини дека е многу важно да имаме еднакви земји на иста маса“, рече Зеленски.
Тој додаде дека е важно членките на ЕУ да делат „слични вредности“.
„Важно е да делат слични вредности. Според мене, не можете да бидете полу- или делумен член на Европската Унија“, додаде Зеленски.
Зеленски, исто така, ги повика САД да останат отворени за снабдување на Киев со оружје со долг дострел за неговата воена кампања против Русија.
Украинскиот претседател им се обрати на делегатите на состанокот за проширување на ЕУ преку видеоконференција од регионот Покровск, во источна Украина, од каде, исто така, повика на повеќе санкции против Русија, вклучително и врз нејзиниот гасен и нуклеарен сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски го повика Орбан да не го…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот…
Зеленски: Украина ќе прифати само полноправно членство…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на…
Германија и НАТО ја зголемуваат помошта за…
Германија планира да ја зголеми финансиската помош…
„Русија планира да пее и танцува на…
Зборот „деца“ беше напишан со огромни бели…
Украина ќе произведува оружје во Берлин и…
Украина годинава ќе отвори канцеларии во Берлин…