Зеленски го покани Илон Маск да ја посети Украина: Со свои очи да види што се случува
Американскиот бизнисмен и сопственик на Твитер, Илон Маск треба да ја посети Украина за да предложи начини за излез од конфликтот, рече Володимир Зеленски.
„Дојдете во Украина и ќе видите со свои очи што се случува, без понатамошно одложување“, рече Зеленски на настанот организиран од Њујорк Тајмс.
Според Зеленски, дури по таква посета треба да се зборува за тоа како да се реши конфликтот, кој го започнал и кога може да заврши.
Зеленски истакна дека благодарение на Интернет-уредите Starlink обезбедени од Маск, многу работи функционираат во земјата. „Се чини дека Илон почна да се предомислува“, рече Зеленски.
„Не знам, можеби некој влијае на него, или тој самиот носи одлуки“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…