Зеленски: Дајте ни оружје за да спречиме руските тенкови да стигнат до Варшава и Прага!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од европските лидери уште оружје за да ги спречи руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага, пренесоа француските медиуми.
-Мораме да го казниме агресорот, рече тој во видео пораката на денешната прва средба на 44-те европски лидери кои во Прага се собраа на првиот самит на Европската политичка заедница.
„Оваа војна мора да се добие сега за руската флота да не може да ги блокира останатите пристаништа во Црното Море, Медитеранот или кое било друго море. За да не можат руските тенкови да напредуваат кон Варшава или Прага“, нагласи украинскиот лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…