Зеленски: Двостраната поддршка од САД и за Украина и за Израел е многу охрабрувачка

t

Двостраната поддршка на САД е многу охрабрувачка за Украина и нејзината армија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Зеленски на платформата Х (Твитер) напиша дека американската инвестиција во одбраната на Украина ќе обезбеди долгорочна безбедност за Европа и светот. Бајден, кој во четвртокот разговараше за воената поддршка за Киев со Зеленски, ќе побара од Конгресот да одобри доделување на 100 милијарди долари, вклучувајќи 60 милијарди долари помош за Украина и 14 милијарди долари за Израел, изјави извор запознаен со планот на Бајден, пренесува Танјуг.

Извор изјави за Ројтерс дека половина од сумата од 60 милијарди долари за Украина ќе биде наменета за замена и модернизација на американските резерви на оружје.

На почетокот на месецот, Конгресот во последен момент усвои план за продолжување на финансирањето на работата на владата, но во договорот за одржување на финансирањето до средината на ноември, беа изоставени милијарди долари помош за Украина, додека се повеќе Републиканците не поддржуваат продолжување на американската помош за Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…

Зеленски потврди дека Украинците започнале офанзива на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат…

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…