Зеленски ептен паметен: Не е доволно само да се одржат избори, мора да ме спречите да учествувам
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.
-Јас во замена за НАТО? Замената е можна. Реков дека сум подготвен да заминам, а за возврат стануваме членка на НАТО – ова го кажувам уште од почетокот на војната со Русија. Ако влеземе во НАТО, тоа значи дека ја исполнив мојата мисија, рече Зеленски, јави Скај њуз.
Тој предупреди дека нема да биде лесно да го заменат.
-Не е доволно само да се одржат избори. Мора да ме спречите да учествувам, а тоа ќе биде малку потешко, рече Зеленски.
Изјавата на Зеленски дојде откако неколку американски републиканци, вклучително и советникот за национална безбедност Мајк Волц, сенаторот Линдзи Грем и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, рекоа дека Зеленски треба да ја напушти функцијата, по неговото однесување во Овалната соба во петокот за време на вербалниот судир со Трамп. Тие вчера го повикаа Зеленски да ја смени стратегијата или да поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…