Зеленски е шокиран од глетката во Изјум: Ова потсетува на Буча, злосторниците ќе бидат казнети
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека е шокиран од глетката при денешната посета на градот Изјум во Харковската област.
– Ова што го гледаме е шокантно, иако претходно го видовме во Буча, на првите деокупирани територии. Уништени згради, убиени луѓе. За жал, овие денови тоа е дел од нашата историја. Тоа исто така е дел од модерната руска нација, тоа што го направија овде, посочи Зеленски.
Изјум, неодамна беше ослободен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива на фронтот. Тој е важен стратешки град во источниот дел на Украина.
Зеленски е убеден дека “руските воени злосторници” ќе бидат осудени, информираат тамошните медиуми.
– Сите разбираме дека ова е тековен процес, но сигурен сум дека ќе видиме пресуди за тоа, дека судот ќе го направи своето. Во тоа не се сомневам, наведе Зеленски.
Тој изрази уверување дека сите окупирани територии ќе и бидат вратени на Украина.
– Сакам да испратам порака до сите наши луѓе кои, за жал, се уште се под окупација, вклучително и луѓето на Крим. Знаеме дека нашите луѓе таму, што е огромна трагедија, се под окупација повеќе од осум години. Ние ќе се вратиме во Крим. Не знам точно кога, но имаме планови, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…