Зеленски: Загинаа 6.000 Руси, Кремљ нема да може да ја преземе Украина со бомби и воздушни напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на седмиот ден од руската инвазија врз неговата земја и жестоките борби во повеќе градови, изјави дека досега се убиени речиси 6.000 Руси и дека Кремљ нема да може да ја преземе неговата земја со бомби и воздушни напади, пренесоа британските медиуми.
Осврнувајќи се на вчерашниот руски напад врз Бабин Јар – местото на масакрот на Евреите од Втората светска војна од страна на германските окупаторски трупи и украинските помошници, Зеленски кажа дека „овој удар докажува дека за многу луѓе во Русија нашиот Киев е апсолутно туѓ“.
- Тие не знаат ништо за Киев, за нашата историја. Но, сите имаат наредба да ја избришат нашата историја, да ја избришат нашата земја, да не избришат сите нас, додаде тој во денешното видео обраќање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина нема да ја признае американската…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…