Зеленски за двата клучни градови во Донбас: Битката влегува во страшен крај
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека битката за двата клучни градови во регионот Донбас, Северодоњецк и Лисичанск се приближува кон страшен крај.
Според информациите на украинските медиуми, војниците кои ги бранат овие два града го ескалираат нивното предавање. Постојат индиции дека руската војска ги освојува овие градови и наскоро ќе го стави Донбас под своја контрола.
Украински војници се предаваат преку целата линија на фронтот во близина на Лисичанск и Северодоњецк, соопштил денеска офицер на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) – Андреј Марочко, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.
Зеленски, пак, вели дека „битката влегува во некој вид на страшен крај“.
Странските медиуми јавуваат дека „борбите се претворија во војна до исцрпување, а и двете страни претрпеа големи загуби“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…