Објавено на:

Зеленски: Имам пиштол и знам да пукам, ќе се борам до смрт

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервјуто емитувано за украинската телевизија призна дека носи пиштол и знае како да го користи.

„Знам да пукам. Можете ли да замислите (наслов како) „Претседателот на Украина заробен од Русите?“ Тоа е срамота. Верувам дека тоа би било срамота“, изјави Зеленски за украинската телевизија 1+1.

Тој додаде дека се борел до смрт заедно со своите најблиски соработници кога Русите го нападнале неговиот штаб во Киев на почетокот на војната, пренесува Ројтерс.

Во првите денови од нападот на таа земја, украинските власти тврдеа дека руските разузнавачки единици се обиделе да влезат во Киев, но биле поразени и не стигнале до улицата Банкова во центарот на градот, каде што се наоѓа кабинетот на претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…