Зеленски и украинскиот народ добитници на наградата “Карло Велики” – една од најзначајните награди во Европа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинскиот народ се добитници на наградата Карло Велики за 2023 година. Оваа награда се смета за една од најзначајните во Европа, пренесува ДВ.
Наградата Карло Велики за 2023 година им припадна на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на украинскиот народ – соопштија од Дирекцијата за наградата Карло Велики и градот Ахен. Во образложението се наведува дека украинскиот народ под водство на Зеленски не само што го брани суверенитетот на својата земја и животите на своите граѓани, „туку и Европа и европските вредности“.
Наградата нагласува дека Украина е дел од Европа. Населението и владините претставници заслужуваат „охрабрување“ „брзо да ги водат пристапните преговори со Европската унија“.
За украинскиот народ, Зелениски не е само претседател и врховен командант на армијата, туку е и „мотиватор, комуникатор, мотор и врска меѓу Украина и големата фаланга поддржувачи“. Дополнително, Зеленски се залага за европските вредности, пишува и во образложението.
Пред неколку дена и Украинците ја добија и наградата Сахаров
Европскиот парламент во Стразбур во средата му ја додели на украинскиот народ престижната награда Сахаров. Наградата таму во име на своите сонародници ја примија тројца Украинци кои се посветени на граѓанското општество. Од 24 февруари Русија води агресивна војна против Украина, која се бори за нејзино постоење со помош на западното оружје.
Наградата Карло Велики се доделува од 1950 година.
Наградата Карло Велики се доделува од 1950 година за заслуги во Европа и европското обединување. Името го добила по Карло Велики. Неговата империја се протегала на голем дел од Западна Европа и тој често престојувал во Ахен. Наградата се состои од медал и сертификат – нема пари.
Претходни добитници на наградата Карло Велики беа поранешната канцеларка Ангела Меркел, поранешниот британски премиер Тони Блер и францускиот претседател Емануел Макрон. Ја прими и папата Франциско.
За 2022 година, победници беа белоруската активистка за граѓански права Светлана Тихановскаја и две нејзини колешки соборци.
Сè уште не е јасно како ќе биде доделена наградата Карло Велики за 2023 година. Уште во 2022 година се разговараше за тоа дали Зеленски и украинскиот народ треба да добијат „специјална награда Карло Велики“. Тоа беше предложено од група пратеници на ЕП.
Во јуни, земјите од ЕУ официјално ја прогласија Украина за кандидат за членство во ЕУ. Сепак, пристапните преговори ќе започнат дури кога ќе се исполнат реформските услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…
Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…