Зеленски му кажа на новиот министер за одбрана што и како треба да работи, меѓу другото и да се бори против корупцијата
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги истакна клучните приоритети по кои треба да се води новиот министер за одбрана Рустем Умеров.
Киев Индепендент на социјалната мрежа Икс (Х) објави дека Зеленски на Умеров му дал пет приоритети, пред сè да ја зајакне централната улога на Министерството во одбраната.
Приоритетите вклучуваат „војникот како најважна вредност, проширување на меѓународните партнерства, борба против корупцијата, а преку дигитализација и реформа на армијата според стандардите на НАТО“, пишува весникот.
Парламентот на Украина вчера го одобри именувањето на Умеров за министер за одбрана, бидејќи Зеленски во неделата најави разрешување на поранешниот министер Олексеј Резников, кој потоа поднесе оставка.
Умеров (41) дипломирал економија, магистрирал финансии и работел во мобилната телефонија, бил инвеститор, а од 2020 година е член на работната група на Владата која работи на стратегија за ставање крај на руската окупација на Крим. Од 2022 година е на чело на Фондот за државна сопственост, а познат е како вешт преговарач.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украина го нападна најголемото руско пристаниште…
Украински беспилотни летала го погодија најголемото руско…
Продолжуваат преговорите за мир меѓу Русија и…
Украинските и американските преговарачи се состанаа во…
Почина патријархот на Украинската православна црква, Филарет…
Патријархот на Украинската православна црква, Филарет, почина…
Украина распоредува единици за пресретнување дронови во…
Украина распореди воени единици за заштита на…
Зеленски: Чекаме одговор од Американците за следната…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е…