Зеленски му подари панцир со слика од Богородица на Папата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети Рим и Ватикан, каде што се сретна со папата Франциск, кој минатиот месец кажа дека е вклучен во мировен процес за ставање крај на војната со Русија.
Зеленски зборувал со папата околу 40 минути, при што му подарил панцир носен од украински војник на кој подоцна била насликана Богородица. Тој последен пат се сретна со папата во Ватикан во 2020 и неколкупати разговарале телефонски од почетокот на војната.
Откако во почетокот имаше балансиран став кон војната со надеж дека ќе биде посредник, папата подоцна почна поотворено да ги осудува руските воени акции, споредувајќи ги со најлошите злосторства против Украина во Втората светска војна. По враќањето од Унгарија на 30 април, папата навести дека Ватикан е вклучен во мисија за ставање крај на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…