Зеленски неделава на средба со Папата во Ватикан?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски може да го посети Рим во следните денови за да се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони како дел од серијата посети на земјите од ЕУ, изјавија во четвртокот неколку квалификувани меѓународни извори за италијанската агенција АНСА.
Италијанската извршна власт засега не даде потврда за ваквата посета.
Зеленски неодамна ги посети Хелсинки во Финска и Хаг во Холандија, а германските медиуми објавија дека тој ќе биде во Берлин во следните неколку дена за да се сретне со канцеларот Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.
Извори од Ватикан во четвртокот рекоа дека „можно е папата да се сретне со украинскиот претседател во сабота“.
Папата го прими украинскиот премиер Денис Шмихал пред две недели и имаше аудиенција кај Зеленски во февруари 2020 година, пред руската инвазија.
Ватикан соопшти дека е вклучен во мировна мисија во обид да се стави крај на војната во Украина, без да открие детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…