Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да преземе иницијатива

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да продолжат да пружаат отпор, соочени со очекуваните руски напади врз цивилната инфраструктура оваа зима.

„Улогата на нашата држава сега, колку и да е тешка, е да не ја изгуби силата и да не дозволи непријателот да преземе иницијатива“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Минатата зима, помеѓу октомври 2022 и февруари 2023 година, руските сили се обидоа да ја уништат електричната мрежа на Украина со масовни напади што доведоа до чести прекини на струја и недостаток на греење низ целата земја.

Зеленски им се заблагодари на војниците и командантите за нивната „отпорност и храброст“ бидејќи се наближуваат најстудените месеци од зимата.

Изјавите уследија по претходна средба со врховниот командант на вооружените сили Валериј Залужни и команданти од различни сектори, пишува Киев Индипендент, пренесува Танјуг.
Оваа зима, властите предвидуваат дека земјата повторно ќе се соочи со истите предизвици како минатата година. Во октомври, претседателот Зеленски предупреди дека Русија веројатно ќе се обиде да ја уништи енергетската инфраструктура на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…