Зеленски: Ни требаат само три победи!
Украина мора да извојува „победи“ за да ги убеди скептиците во Конгресот на САД и ЕУ да и пружат помош, како и да го надмине отпорот на оние кои се противат на почетокот на преговорите за нејзино пристапување во Европската унија, украинскиот претседател Володимир Зеленски. рече на заедничката конференција со претседателот на Латвија Едгар Ринкевич во Киев.
„Ни требаат три победи. Првата победа – во Конгресот“, рече Зеленски.
Тој призна дека нема да биде лесно да се добие поддршка во американскиот Конгрес за доделување средства за Украина. Сепак, Киев мора да направи се за да ја добие оваа помош, додаде тој.
Втората (победа) – потребна ни е поддршката од Европската унија за да остане пакетот од 50 милијарди (помош). Не сите во Европската унија се подготвени да го поддржат овој пакет денес“, призна Зеленски.
Тој изјави дека Киев, исто така, мора да ја избегне заканата со вето на една или повеќе земји од ЕУ на одлуката за почеток на преговори со Украина за приклучување кон заедницата.
„Третата приказна е отворен дијалог за нашето идно членство во Европската унија“, додаде тој.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од 13.700 војници, околу 1.800 единици оружје и опрема само во ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…