Објавено на:

Зеленски предлага триесетдневен прекин на огнот

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Киев ќе го почитува најавениот велигденски прекин на огнот, под услов истото навистина да го направи и Москва и предлага триесетдневен намст триесечасовен пекин на огнот, откако претходно рускиот претседател Владимир Путин најави веигденски прекин на огнот.

-Ако навистина дојде до целосен прекин на огнот, Украина предлага тој да се продолжи и по Велигден, 20 април. Тоа ќе ги открие вистинските намери на Русија – затоа што 30 часа се доволни за да се влезе во вестите, но не и за вистински мерки за градење доверба. Триесет дена може да му дадат шанса на мирот – напиша Зеленски преку објава на социјалната мрежа Х.

Тој нагласи дека мирот не може да биде декларативен, туку мора да се поткрепи со конкретни дејствија и изрази длабок сомнеж во искреноста на најавите од Москва.

-Според извештаите на врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, руските офанзивни операции продолжуваат, а не стивнуваат ниту артилериските напади. Затоа, не им веруваме на зборовите на Москва. Премногу добро знаеме како Москва манипулира и подготвени сме на сè – додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски предлага триесетдневен прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека…

Путин прогласи велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи велигденско…

Ништо од велигденското примирје на Трамп за…

Многу е веројатно предвидувањето и залагањето на…

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…