Објавено на:

Зеленски признава: Ситуацијата кај Бахмут е многу тешка и се влошува

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа призна дека ситуацијата околу Бахмут, на истокот на земјата, се влошува.

-Ситуацијата станува се посложена, рече тој во редовното дневното обраќање до сонародниците. „Непријателот систематски уништува се што може да се искористи за заштита на нашите позиции“, додаде тој, нарекувајќи ги украинските војници кои учествуваат во таа битка „вистински херои“.

Руските сили од минатото лето се обидуваат да го заземат Бахмут, чија стратешка важност е спорна, но која стана симбол на борбата за контрола на Донбас, во источна Украина.

Водачот на проруските сепаратисти во регионот Доњецк (источна Украина), Денис Пушилин, вчера на руската телевизија изјави дека сите пристапни патишта до Бахмут се „во досегот на оружјето“ на проруските сили.

Руските сили со недели се обидуваа да го опколат Бахмут и успеаја да отсечат неколку главни патишта за снабдување на украинската армија. Командантот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, во саботата тврдеше дека неговите луѓе влегле во селото Јахидње, во северното предградие Бахмут

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…