Зеленски: Путин го тестира светот
„Важно е што денеска видовме широк одговор од партнерите на овој удар. Јасно е дека Русија се обидува да ѝ нанесе болка на Украина со уште подрски напади. Ова е јасен знак дека Путин го тестира светот – дали ќе го прифати или ќе го трпи“, објави Володимир Зеленски вечерва на „Х“, коментирајќи го најголемиот руски воздушен напад врз Украина досега.
„Затоа, изјавите на државните лидери и институциите мора да бидат поткрепени со силни потези – санкции против Русија и поединци поврзани со Русија, високи тарифи и други ограничувања за трговијата со Русија. Нивните загуби мора да се почувствуваат, рече Зеленски.
„Друга работа е подеднакво важна – нашите долгорочни можности. Путин не сака преговори, тој очигледно се крие од нив, поради што недостигот на гориво во Русија и другите економски тешкотии се логичен одговор на одбивањето на прекин на огнот или состанок на ниво на лидери“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Путин го тестира светот
„Важно е што денеска видовме широк одговор…
Дали Вучиќ во Пекинг беше со својот…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја заврши тридневната…
Над 126.000 луѓе учествуваа на 111 собири…
Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави…
Тoшковски: Немам дополнителни информации за прислушувањето од…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…
Црн пантер повторно сее страв низ Бугарија-…
Средбата поминала без повреди, но експертите и…