Објавено на:

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

t

Владимир Путин се плаши да користи нуклеарно оружје затоа што го сака својот живот и ги контролира животите на другите, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Рускиот претседател на 25 септември изјави дека ја менува руската нуклеарна доктрина и може да ги прошири околностите под кои може да се користи такво разорно оружје.

Но, Зеленски рече дека не мисли оти Путин ќе ризикува да користи нуклеарно оружје.

„Никој не знае што навистина има во главата на Путин. Тој може да користи нуклеарно оружје за да нападне која било земја во секое време. Или не.Не сум сигурен дека ќе го стори тоа. Споделувам со вас што мислам, но јас не сум Путин. Не можам да знам точно. Тој го сака својот живот и својот начин на живот и управување со животите на другите“, рече Зеленски.

Во саботата, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му порача на Вашингтон да ја подготви Европа за самоубиствен потфат поради бесмисленоста и опасноста од самата идеја за борба до победа со нуклеарна сила како Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно…

Владимир Путин се плаши да користи нуклеарно…

За вработените во образование утврдена минимална плата…

По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на…

Борис Џонсон жестоко го нападна и обвини…

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се пресмета…

Полицијата постапува по пријава за оштетување на…

Полицијата постапува по пријава за оштетување на…

„Гардијан„: Од земја под „егзистенцијална закана“, Израел…

Заедничка одбрана на воинствениот Израел, како околу…