Објавено на:

Зеленски: Русија активираше бомба за масовно уништување на животната средина

t

Русија ја контролира браната и целата хидроелектрана Каховка повеќе од една година. Физички е невозможно да се разнесе однадвор, со гранатирање. Руските окупатори ја минираа и ја разнесоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање на самитот на Букурешката деветорка.

Тој истакна дека Русија активирала бомба за масовно уништување на животната средина.

„Ова е најголемата еколошка катастрофа предизвикана од човек во Европа во последните неколку децении. Тоа е најопасниот терорист во светот. И затоа поразот на Русија – пораз што ќе го обезбедиме – ќе биде најважниот придонес за безбедноста на нашиот регион, на нашата Европа и на целиот свет“, додаде Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…