Зеленски: Русија ги отфрла сите мировни напори, санкциите мора да се заострат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, известувајќи на социјалната мрежа X. Зеленски рече дека лично ѝ се заблагодарил за нејзината „јасна позиција и пораки за поддршка на Украина“ што ги изнесе за време на денешниот говор во Европскиот парламент во Брисел.
„Целосно се согласуваме: сè додека Русија продолжува да ги отфрла сите мировни напори, санкциите против неа мора да бидат заострени, а одбранбената и финансиската помош за Украина мора да продолжат“, рече Зеленски.
Тој додаде дека една од темите на разговорот биле замрзнатите руски средства, од кои голем дел се наоѓа во земјите на Европската Унија.
Во тек е дебата за тоа дали овие средства можат да се користат за финансирање на украинската одбрана. „Разговаравме за моменталната дипломатска ситуација и работата на Европската Унија за одлуката за користење на замрзнатите руски средства за одбрана на Украина“, заклучи украинскиот претседател.
Тој додаде дека една од темите на разговорот биле замрзнатите руски средства, од кои голем дел се наоѓа во земјите на Европската Унија.
Во тек е дебата за тоа дали овие средства можат да се користат за финансирање на украинската одбрана. „Разговаравме за моменталната дипломатска ситуација и работата на Европската Унија околу одлуката за користење на замрзнатите руски средства за одбрана на Украина“, заклучи украинскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Русија ги отфрла сите мировни напори,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со…
Трамп го повлече рокот за прифаќање на…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека повеќе…
Кремљ: Рано е да се зборува за…
Не треба да има предвремени заклучоци за…
Руте: Конфликтот во Украина може да заврши…
Постои можност конфликтот во Украина да заврши…
Блумберг објави аудио снимка: САД и Русија…
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф им дал…