Зеленски: Русија не се подготвува за крај на војната, туку спрема нова офанзива
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската армија не се подготвува за крај на војната, туку подготвува нови офанзивни операции.
На X, Зеленски им се заблагодари на лидерите на Европската Унија за нивната досегашна поддршка на Украина.
Во своето соопштение, Зеленски нагласи дека е „клучно“ единството на ставовите да остане „непоколебливо“ и ги повика партнерите да го зголемат притисокот врз Русија.
„Сите заедно разговараме за прашања поврзани со безбедноста на Украина и Европа. Секоја одлука мора да придонесе за нашите заеднички безбедносни капацитети. И ако Русија одбие да ги запре убиствата, мора да биде одговорна“, рече украинскиот претседател.
Тој изрази поддршка за плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за самит со рускиот претседател Владимир Путин.
„Навистина, сите ја поддржуваме решителноста на претседателот Трамп и заедно мора да обликуваме позиции што нема да дозволат Русија повторно да го измами светот“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека сè додека војната и окупацијата продолжуваат, сите мора да го одржуваат притисокот со сила, санкции и дипломатија.
„Им се заблагодарувам на сите што помагаат. Мир преку сила“, заклучи Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана…
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски…
Зеленски: Русија не се подготвува за крај…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската…
Вучиќ земал пример и од Македонија –…
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, зборуваше…
Заминувањето на младите од државата нема да…
Невладината организација Хера, по повод 12 август…
„Кој ве повика?“ им рекле на директорката…
„Кој ве повика“, им рекоа во полициската…