Објавено на:

Зеленски се жали: Блокирани се околу 25 милиони тони жито

t

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека до 25 милиони тони жито се блокирани во неговата земја и повика на безбеден коридор за нивна испорака за да се спречи недостигот на храна во некои делови од светот.

Во обраќањето до печатот, Зеленски рече дека преговорите за извоз на жито се во тек со Обединетите нации, како и со балтичките земји и Полска, но дека оваа втора рута не е опција бидејќи Украина не може да извезува големи пратки жито со железница и испорака преку Рускиот сојузник Белорусија не е опција.

Тој рече дека Украина може да извезува десет милиони тони жито секој месец преку пристаништето Одеса, но тоа не е доволно.

„Ако сега имаме 22 до 25 милиони тони блокирани таму, наесен би можеле да имаме 75 милиони тони. Што ќе правиме? Значи, не можеме без пристаништата“, рече Зеленски.

Тој додаде дека сè уште нема план за завршување на војната со Русија и дека мировните преговори со Москва се во застој, додавајќи дека „сите сакаат да не турнат што подалеку до заклучок кој е апсолутно бескорисен за нас“.

Истакнувајќи дека повеќе од 2.500 украински војници биле земени од Азовстал и заробени во Русија, тој рече дека тие работат на враќање на сите украински воени заробеници дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…