Објавено на:

Зеленски со Рама: Благодарност за поддршката на украинскиот народ

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со албанскиот премиер Еди Рама, заблагодарувајќи му се за поддршката на украинскиот народ и поканувајќи го да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа.

Зеленски го информираше Рама за неодамнешните руски напади со ракети и беспилотни летала, кои, како што рече тој, покажуваат дека Русија нема намера да ја заврши војната.

„Затоа ни е потребен доволно силен притисок за конечно да го запреме. Сметаме на сите потребни чекори во оваа насока што ќе бидат преземени во блиска иднина“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „X“.

Зеленски изјави дека станало збор и за соработката со европските партнери и нашето единство.

„Го поканив премиерот да учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа, бидејќи Албанија ќе биде претставена. Ви благодарам за вашата поддршка за Украина и нашиот народ“, додаде Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева…

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по…

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…