Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му се извинил веднаш по почетокот на војната, бидејќи Русија ја нападнала Украина преку белоруска територија, пренесува „Укринформ“.
– Разговарав со Лукашенко на телефон во првите денови од војната и тој се извини. Ми рече: ‘Не бев јас, Путин испалуваше ракети од мојата територија.’ Ова се негови зборови, а имам и сведоци. Тој кажа: ‘Извини’,“ објасни Зеленски во интервју за американскиот подкастер Лекс Фридман.
Како одговор, Зеленски го обвинил Лукашенко дека е ист како рускиот лидер Владимир Путин. „Му реков: ‘Ти си ист убиец.’ А тој ми одговори: ‘Разбери, не можеш да се бориш против Русите.’“
Како компензација, Лукашенко предложил Украина да ја нападне рафинеријата за нафта во белорускиот град Мозир, на што Зеленски му одговорил: „Што зборуваш?“
До овој момент нема реакција од белорускиот лидер.
Минатиот месец Лукашенко потпиша договор со Путин во Минск, со кој Русија гарантира безбедност за Белорусија. Лукашенко побарал од Русија да распореди нови оружени системи, вклучувајќи хиперсонични ракети „Орешник“, пренесува „Укринформ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот…
Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени…
Поради неисчистени патишта од страна на државното…
Јакимовски за автопатот Страцин-Крива Паланка: Ни кога…
Градоначалникот на Карпош и долгогодишен политичар во…
Откриен паразит: Замрзнат ослиќ повлечен од продавниците
„Замрзнат ослич на Океан од 1 кг…
Македонски Бадник со ирански урми, српски сливи,…
Зелените пазари зовреа пред Бадник и Божиќ,…