Објавено на:

Зеленски: Украина „де факто” е членка на ЕУ

t

Украина „де факто” е членка на Европската Унија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, при денешното видеообраќање во Парламентот во Луксембург, јави германската новинска агенција ДПА.

– Јас верувам дека со своите постапки, Украина веќе покажува дека ги исполнува европските критериуми, додаде Зеленски.

Без да го спомне по име рускиот претседател, Владимир Путин, Зеленски побара да „се запре оваа индивидуа од уништување на европските вредности”.

– Доколку не успееме заедно да го запреме овој човек, тогаш овие часови се темни, темни часови, што ние веќе ги доживеавме во Втората светска војна, истакна украинскиот претседател.

Зеленски повика за понатамошни санкции на ЕУ против Русија и за испорака на „повеќе оружје, модерно оружје”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…

Не знам дали Северна Македонија навистина сака…

Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…

„Бугарија останува посветена на сите елементи од…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…