Зеленски: Украина отвора „книга на крвниците“ со докази за воените злосторства
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата ќе отвори „книга на крвниците“, што всушност претставува систем за собирање докази за воените злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација.
Украинското обвинителство соопшти дека, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, евидентирало повеќе од 12.000 воени злосторства, во кои се осомничени повеќе од 600 лица.
-Следната недела ќе биде објавена специјална публикација „Книга на крвниците“, систем што ќе собира податоци за воените злосторства и криминалците од руската армија, рече Зеленски во најновата видео порака.
Според неговата забелешка, оваа книга ќе биде клучниот елемент во неговото барање руските војници да се повикаат на одговорност за, како што велат, украинските убиства, силувања и грабежи.
-Тоа се конкретни факти за конкретни лица виновни за конкретни сурови злосторства против Украинците, рече Зеленски, споменувајќи го киевското предградие Буча, каде, според истражителите, беа пронајдени докази за масовни егзекуции.
Русија тврди дека во „специјалната воена операција во Украина“ направила се за да избегне пукање врз цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…