Објавено на:

Зеленски: Украинскиот тим оди во САД за да разговара за безбедносните гаранции

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинската делегација е на пат кон Соединетите Американски Држави за да разговара за безбедносните гаранции и пакет мерки за зајакнување на напредокот на земјата.

Во исто време, тој изрази надеж дека документите за овие прашања би можеле да бидат потпишани на маргините на Светскиот економски форум во Давос следната недела, објави Ројтерс.

На прес-конференција во Киев, Зеленски, исто така, рече дека украинската делегација се надева дека ќе добие појаснувања од САД за ставот на Русија кон дипломатските напори поддржани од Америка за завршување на војната.

Во понеделникот, најавувајќи го состанокот, Зеленски рече дека го слушнал деталниот извештај на преговарачкиот тим за контактите со американската страна и наредил документот за безбедносните гаранции за Украина да се финализира.

Според него, украинската делегација дефинирала јасен план за дејствување за следните 14 дена, што вклучува подготовка на документи и подготовка за нивно евентуално потпишување, а текстот „достигнува ниво што ќе обезбеди стратешка одбрана на земјата“, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украинскиот тим оди во САД за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Мицкоски: Во деновите кои следат ќе има…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на…

Родригез: Ако морам да одам во САД…

Привремениот претседател на Венецуела, Делси Родригез изјави…

САД го продолжија рокот: „Лукоил“ доби уште…

Американското Министерство за финансии издаде ново продолжување…

Муцунски: Почекајте, во следните шест месеци позитивно…

Се работи за пауза за постапки поврзани…