Зеленски: Хрватска знае што значи да се бориш за слобода, беше жртва на агресија и може да споделиме многу искуства
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ пристигна во Киев, каде што беше пречекан од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Освен со Зеленски, Пленковиќ разговараше и со премиерот Денис Шмигаљ и со претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук. Покрај Пленковиќ дојде и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.
„Хрватска знае како е да се биде под воена агресија и продолжува да дава политичка, дипломатска, финансиска, хуманитарна, техничка и каква било друга можна поддршка на Украина, како и помош во грижата за украинските бегалци“, соопшти хрватската влада во изјава.
„Посетата на премиерот на Украина се случува во пресрет на Денот на Европа и е израз на солидарност и поддршка за украинските власти и пријателскиот украински народ, кои се жртви на бруталната руска агресија“, се вели во соопштението.
„Борете се за слободата на сите нас кои споделуваме исти вредности. За жал, Хрватска беше жртва на агресија на почетокот на 1990-тите и имаме многу искуства што можеме да ги споделиме со вас по војната – на полето на деминирање и мирна реинтеграција. “, рече Пленковиќ.
Од друга страна, Зеленски рече дека „Хрватска е членка на антивоената коалиција и сите се трудиме да ги браниме правата на самоопределување, слободен и независен живот, за цела Европа и враќање на владеењето на право. Хрватска знае што значи да се бориш за слобода.“ затоа зборуваме ист јазик, споделуваме исти вредности“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Вулин се сретнал со Шојгу: Рускиот министер…
Доскорешниот директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија,…
Денес православните христијани се сеќаваат на Светиот…
Син на Јона и брат на Петар,…